Захов: Не се залажуваме дека ќе биде лесно против ФК Скопје, на Вардар му откинаа бод

Лидерот на табелата, Шкендија, денеска (15.30 часот) му гостува на последнопласираниот тим на ФК Скопје на „Железарница“. Иако се знае кој е фаворитот на оваа средба, сепак, фудбалерите на тетовскиот прволигаш не се залажуваат дека лесно ќе ги освојат трите бода. Како поука им служи дуелот меѓу Скопје и Вардар, кога „пиратите“ успеаја да му откинат бод на актуелниот првак.

„Не се залажуваме дека не очекува лесен натпревар против ФК Скопје. Иако се на последното место, сепак, имаат свои квалитети и посебно добро играат на домашен терен. Впрочем, му откинаа бод и на шампионот Вардар. Но, ние сме подготвени да одиграме уште еден квалитетен натпревар и со мудра игра да дојдеме до трите бода. Шкендија на секој натпревар оди на победа“, порачува голманот Костадин Захов.

ФК Скопје досега забележа три ремија во шест натпревари, против Вардар, Пелистер и против Ренова.

ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

Кратово: СИЛЕКС – ПОБЕДА

Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

ВЧЕРА

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ 0-0

Се вчитува...