Захов пред заминување од Шкендија, тетовци денеска ги почнуваат подготовките

Тетовска Шкендија денеска со првиот собир ги стартува подготовките за пролетниот дел од шампионатот. Составот на Ќатип Османи за продолжението од првенството би можел да биде без првиот голман Костадин Захов кој има понуда за продолжување на кариерата во албанскиот прволигаш Кукс.

Како што пренесува албански „Телеспорт“, Кукс веќе испратил понуда до Захов чиј договор со Шкендија е завршен. Наредниве денови се очекува разврската на можноста за продолжување на соработката со Шкендија, или Захов би го имал своето прво интернационално искуство.

31-годишниот голман досега има настапи и за Брегалница Штип, Хоризонт, Вардар и Беласица во македонското првенство.

Се вчитува...