Зајков е слободен играч, може да си бара клуб до 7. април

ФИФА донесе најнова одлука околу руските и украинските клубови, се со цел да им се овозможи да бидат активни во текот на руската инвазија врз Украина.

Така сите странски играчи и тренери во Русија, ќе имаат право да ги раскинат своите договори и да си бараат други клубови.

Во Украина, пак, исто така сите странски играчи и тренери кои имаат договори со украинските клубови, ќе се сметаат автоматски слободни до крајот на сезоната. Тоа значи дека сите странски играчи и тренери веќе може да си бараат нова средина.

ФИФА не објасни што ќе се случува со играчите од Украина после завршувањето на сезоната, односно дали ќе треба да се вратат во украинските клубови или ќе продолжат во новите клубови.

Еден ист тим не смее да ангажира повеќе од двајца играчи од овие две првенства, а сите играчи кои сакаат да си заминат ќе може да најдат клуб најдоцна до 7. април.

Ова се однесува и на нашиот Ѓоко Зајков кој што сега е слободен, и може да си бара друга средина, но тоа мора да го стори до 7. април. Ако сака да биде дел од националниот тим за баражот, тогаш нашиот репрезентативец ќе мора побрзо да најде клуб и да влезе во натпреварувачки ритам. Тој од Левски зимава замина во Ворскла, но откако почна конфликтот, веднаш ја напушти Украина.

Целата одлука на ФИФА низ следниот ЛИНК.

Се вчитува...