Зајков и официјално се раздели со Шарлроа по цели шест години

Македонскиот репрезентативец, Ѓоко Зајков, и официјално се раздели со белгиски Шарлоа по шест години меѓусебна соработка.

Иако веќе од поодамна беше познат крајот на соработката ова лето, денеска од клубот преку соопштение и официјално му се заблагодарија на македонскиот фудбалер за досегашните заеднички патишта.

Зајков беше дел од националниот тим на изминатото Европско првенство 2020. Во очекување е на нов клуб како и понатаму би останал во конкуренција за репрезентативен повик, сега од новиот македонски селектор Боби Милевски со кого соработуваат во младата репрезентација.

Се вчитува...