Зајков не останува во Славија Софија

Македонскиот репрезентативен стопер Ѓоко Зајков зимоска ќе има нов клуб, откако Славија Софија нема да му ја продолжи позајмицата. Дефанзивецот зимава дојде во Славија како позајмен од укранска Ворскла, и имаше опција да продолжи, меѓутоа бугарскиот тим нема да ја активира таа опција.

Зајков во минатото играше за Левски, а потоа замина во Ворскла. Но, по почетокот на руската инвазија на Украина, сите странски фудбалери беа слободни да си бараат нови средини, но од идната сезона да се вратат во украинските тимови.

Според информациите, Зајков би можел, сепак, да остане во Бугарија и да настапува во друг тим, се додека не се смири ситуацијата во Украина.

Се вчитува...