Зајков од Полтава: Засега сме безбедни, но чекаме да бидеме спроведени до некоја граница

Првенството во Украина е прекинато, а нашиот репрезентативец Ѓоко Зајков веројатно ќе си замине од клубот. Стоперот за ФФМ даде изјава дека се чека на клубот спроведување на одлука да се организира мини бус за спроведување на странците до некоја граница.

„Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам”, вели Зајков.

Зајков во јануари направи трансфер во Украина. Пред неколку дена за „Телма“ изјави дека нема никакви проблеми и дека се функционира нормално. Но, утрово ситуацијата се смени со нападот на Русија над Украина, и ќе мора што поскоро да ја напушти земјата.

Се вчитува...