Зајков потпиша со украинска Ворскла до јуни 2024 година (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков и официјално промовиран во дресот на украинска Ворскла.

Зајков потпиша договор до јуни 2024 година, денеска одработувајќи го и првиот тренинг со својот нов клуб.

„Со задоволство доаѓам тука желен да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели. Се надевам дека моите квалитети и искуство ќе помогнат на клубот“ – истакна Зајков по официјалната промоција во новиот клуб.

26-годишниот Зајков претходно во својата кариера играше и за Работнички, француски Рен, белгиски Шарлерој како и бугарскиот прволигаш Левски од каде сега се сели во Украина.

Се вчитува...