Зајков потпишува нов тригодишен договор со Шарлроа

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков и натаму останува во редовите на белгискиот прволигаш Шарлроа, потпишувајќи нов тригодишен договор со клубот.

24-годишниот Зајков на крајот од сезонава го заврши договорот со Белгијците, но по квалитетната сезона зад себе од Шарлроа му понудија нов договор. Се очекува наредниве денови и официјално двете страни да потпишат идна тригодишна соработка.

По заминувањето на двајца централни дефанзивци од клубот, интенцијата на стручниот штаб на Шарлроа е следнава сезона македонскиот фудбалер да биде централниот столб во одбраната на клубот со стандардно место во првиот тим.

Зајков, кој досега има и девет официјални настапи за сениорската репрезентација на Македонија, во белгискиот тим е од 2016 година. Претходно во 2014 година од Работнички потпиша за француски Рен.

Се вчитува...