Зајков со деби гол во дресот на Славија Софија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков го постигна својот деби гол во дресот на бугарскиот прволигаш Славија Софија.

По пристигнувањето во редовите на Славија, Зајков во вториот свој натпревар успеа да го запише и првиот погодок во поразот од Ботев Враца од 2-1.

Македонскиот фудбалер во 70. минута од средбата успеа да израмни на 1-1 во тие моменти, но домашните со голот на Василев дури во 96. минута од средбата дојдоа до победата од 2-1.

https://www.vbox7.com/play:f430c0be4c

Се вчитува...