Зајков заминува од Шарлроа, пред преселба во Холандија

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков, како што пренесуваат дел од белгиските медиуми, се очекува да замине од редовите на Шарлроа во јануарскиот преоден рок.

Зајков од 2016 година е дел од Шарлроа, но одигра само 26 официјални натпревари за белгискиот тим. Претходно настапуваше за француски Рен како и за Работнички во македонскиот шампионат. Капитен беше на младата репрезентација на Македонија која настапи на Европското првенство во Полска.

Според информациите од белгиските медиуми како можна следна дестинација на Зајков се споменува Холандија од каде неколку прволигашки екипи покажале интерес за централниот дефанзивец.

Се вчитува...