Закарија останува во Лондон, но не во Челси

Денис Закарија не се прослави во првата сезона во Премиерлигата каде за Челси настапи на само седум натпревари на кои не забележа ниту гол ниту асистенција. Лондонскиот тим не ја искористи опцијата за откупување на неговиот договор по што тој се врати во Јувентус каде сепак за него нема место.

Швајцарскиот репрезентативец ова лето повторно заминува од Торино, а голема е веројатноста да се врати во Лондон, но не во редовите на Челси, туку во градскиот ривал Вест Хем Јунајтед.

Од редовите на Вест Хем пред заминување е Деклан Рајс, а овогодинешниот освојувач на Конференциската лига е подготвен да го откупи Закарија како директна замена за англискиот репрезентативец.

Се вчитува...