Залуден „трипл-дабл“ на Дончиќ – ЛА Клиперс подобри од Далас, Јокиќ феноменален во победата на Денвер

Кошаркарите на ЛА Клиперс триумфираа против Далас со 109-99 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Клиперс запишаа победа и покрај силниот отпор на Далас. Домашните до победата ги водеше Каваи Леонард со 22 поени, дополнети и со осум скока и седум асистенции.

Кај Далас и овој пат одличен беше Лука Дончиќ со нов „трипл-дабл“ од 25 поени, 10 скока и 16 асистенции.

Одличен беше и Никола Јокиќ кој го водеше Денвер до триумф против Индијана од 121-106. Србинот мечот го заврши со 32 поени, 14 скока и пет асистенции.

Бруклин славеше во градското дерби против Њујорк никс со 117-112, а ЛА Лејкерс убедливо го победија Голден стејт со 128-97.

Се вчитува...