Залудни 42 поени на феноменалниот Дончиќ, ЛА Клиперс подобри од Далас… (ВИДЕО)

ЛА Клиперс и Бостон селтикс дојдоа до предност по првите натпревари во серијата од првото коло во НБА плеј-оф разигрувањето.

ЛА Клиперс славеше со 118-110 против Далас, наспроти феноменалната партија на Лука Дончиќ. Словенецот постигна 42 поени, но Клиперс славеа благодарение на Кавај Ленард и Пол Џорџ кои запишаа по 29 односно 27 поени.

Бостон, пак, со 109-101 беше подобар од Филаделфија. До триумфот ги предводеа Џејсон Татум со 32 поени и Џејлин Браун со 29 постигнати поени. На спротивната страна се истакна Џоел Ембид со „дабл-дабл“ ефект од 26 поени и 16 скока.

Претходно, Денвер по продолжение со 135-125 победи против Јута, додека Торонто убедливо го победи Бруклин со 134-110.

Денвер до триумфот го водеа Џамал Мареј со 36 поени и Никола Јокиќ со 29 поени, а најдобар во победата кај Торонто беше Фред Ванвлит со 30 поени и 11 асистенции.

Се вчитува...