Замалек пружи силен отпор, но сепак немаше сила да ја изненади Барселона

Актуелниот африкански првак, Ел Замалек му пружи силен отпор на европскиот ракометен клупски шампион Барселона, но сепак на крајот доживеа пораз во четвртфиналето на Суперглоуб со 36-32.

Африканците одиграа неверојатно прво полувреме и на пауза заминаа со негатива од само еден гол 18-17. Сепак, големиот квалитет на Каталонците дојде до израз во вториот дел во кој успеаја да ги сопрат сите налети на противникот и на крајот да дојдат до конечен триумф од 36-32.

Во полуфиналето Барселона ќе игра против бразилскиот Пињеирос кој во трилер меч славеше над Ал-нур со 34-33.

Вториот полуфинале пар го сочинуваат Алборг и Магдебург.

Се вчитува...