Замина Аморим, па Јунајтед сега планира да го задржи Мејну

Раководството на Манчестер јунајтед ќе започне преговори со играчот од средниот ред Коби Мејну за продолжување на соработката, објавија денес британските медиуми.

Клубот контактирал со претставниците на 20-годишникот со план да разговараат за деталите за нов и подобрен договор, кој би ја усогласил неговата плата повеќе со онаа на неговите соиграчи и неговиот статус во тимот, објави Скај.

Мејну, кој дојде од академијата на клубот, е меѓу најниско платените играчи во првиот тим. Бидејќи не беше во плановите на поранешниот тренер Рубен Аморим и со фактот дека неговиот договор истекува за 18 месеци со можност за продолжување на соработката за една година, клубот не сметаше дека преговорите за нов договор се приоритет.

Голем број европски клубови беа заинтересирани за Мејну, и иако имаше шпекулации дека тој би сакал да оди на позајмица овој месец за да игра повеќе, Јунајтед тоа нема да го дозволи бидејќи фудбалерот е во идните планови на клубот.

Се вчитува...