Замина од Ливерпул во Барса за да ја освои ЛШ, потоа го „избркаа“ во Баерн и – му се погоди!

Бразилецот Фелипе Кутињо конечно стигна до трофејот во Лигата на шампионите. Тој замина од Ливерпул во Барселона со намера да го освои „торфејот со уши“, а следната сезона англискиот клуб славеше во елитното европско клупско натпреварување. Кутињо не успеа да се наметне во Барселона и беше испратен на позајмица во Баерн Минхен и таму му „кликна“ среќата.

Во буквално последниот меч од сезоната на позајмица, откако Баерн Минхен одлучи да не го откупи комплетно неговиот договор и тој ќе мора да се врати на „Камп Ноу“ – Кутињо ја освои Лигата на шампионите.

Бразилецот најверојатно повторно нема да остане во Барселона, последниот збор ќе го има новиот тренер Роналд Куман, а се најавува негово враќање во Премиер – лигата, но во таборот на Арсенал. А таму ќе пристигне како актуелен освојувач на Лигата на шампионите.

Се вчитува...