Замина по пари па се покаја, сега моли за враќање во Премиерлигата

Џорџино Вајналдум ова лето премина во редовите на ПСЖ на слободен трансфер и ја „извиси“ Барселона со која постигна усмен договор, но во преголемата конкуренција не се снајде во главниот град на Франција па сега бара враќање назад на „Островот“.

Вајналдум за францускиот тим одигра 20 натпревари во сите конкуренции од кои само десет ги започна од првата минута, а во конкуренција со Марко Верати, Данило Перира, Леандро Парeдес, Андер Херара и Идриса Гаје неговата минутажа е се помала.

Како опција за поранешниот фудбалер на Њуксал и Ливерпул се јавува Арсенал кој изразил интерес за неговите услуги, но дали „светците“ ќе бидат расположени да го пуштат 31-годишникот да замине од Париз останува да видиме.

Се вчитува...