Заминал на собир на репрезентацијата и повеќе не се вратил во клубот

Екипата на Истра вчера ремизираше (1-1) со Горица во хрватскиот шампионат. Но, за медиумите беше симптоматично отсуството на Махмуд Абдалахи од тимот.

Абдалахи добил повик за настап за репрезентацијата на Мауританија, и пред две недели заминал на собири. Одиграл 88 минути на двата натпревари за својата репрезентација, но потоа според договорот во средата не се појавил во Пула.

„Не знаеме каде е, само знаеме дека го нема. Не се јавува, немаме никаков контакт со него“ – истакна тренерот на Истра, Гонзало Гарсија по вчерашниот натпревар.

Абдалахи е, инаку, фудбалер на Алавеш кој игра на позајмица во Истра. 21-годишниот фудбалер во дресот на овој клуб досега одигра шест натпревари и постигна два гола.

Се вчитува...