Заминувањето на Роналдо го погоди Реал повеќе од што можеше да се претпостави

Реал Мадрид успеа со победа да ја отвори новата сезона во Примера славејќи синоќа против Гетафе со 2-0, со головите на Карвахал и Бејл. Сепак, многумина уште еднаш констатираа дека чудно е да се гледаат „кралевите“ без Кристијано Роналдо кој по девет години го напушти клубот.

Заминувањето на Роналдо го погоди Реал најмногу на играта. Но, и тоа како сериозен доказ за тоа колку Португалецот значеше за клубот е посетата на „Сантијаго Бернабеу“ која беше најлоша во изминатите девет години.

Синоќешниот натпревар во Мадрид го следеле 48.466 гледачи (едвај половина од вкупниот капацитет) што е убедливо најмала посета во изминатите деве години. Интересно, полоша посета од онаа синоќешната имало пред доаѓањето на Роналдо во клубот, што доволно покажува колку сепак португалскиот репрезентативец значи за навивачите ширум светот.

 

 

Се вчитува...