Зампарини: Трајковски останува, Несторовски е играч за Серија А

Александар Трајковски ќе остане во редовите на Палермо и следната сезона, додека Илија Несторовски најверојатно ќе направи трансфер во клуб од Серија А. Ваква порака испрати првиот човек на Палермо, Маурицио Зампарини. Контроверзниот претседател вели дека има неколку понуди за Нестор-гол, и тој би можел да замине до крајот на летниот преоден рок.

„Трајковски останува со нас, и се надевам дека во претстојната сезона ќе биде на посакуваното ниво и еден од нашите најдобри играчи. Исто размислувам и за Чочев, додека Несторовски е играч за Серија А“, изјави Зампарини.

За Нестор – гол во овој преоден рок се интересираат Болоња и Аталанта, а претходно постоеше интерес и од Торино, Џенова, како и Атлетико Мадрид и Евертон.

Се вчитува...