Занети го учи својот син за магиите на Горан Пандев… (ВИДЕО)

Поранешниот капитен на Интер, Хавиер Занети, потсетувајќи се на славните времиња на тимот, го учи својот син за магиите на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.

Во моментите на изолација поради коронавирусот Аргентинецот со својот син гледаат многу натпревари на Интер, посветувајќи внимание и на градските дерби пресметки со Милан од минатото. А, на еден таков натпревар неизбежен е феноменалниот погодок на Пандев во триумфот на Интер против Милан од 2-0. Стрелец на првиот гол беше Диего Милито во 10. минута, а конечниот резултат го постави македонскиот репрезентативец во 65. минута со прекрасен погодок од слободен удар.

„Имам три деца, Сол, Игнасио и Томас. Овие денови сме заедно дома, повторно ги гледаме натпреварите од 2010 година. Го гледавме дербито и победата против Милан па му кажувам на Томи, кој досега никогаш не ме гледал како играм: „Види го овој слободен удар на Пандев… Погледни каков гол. Магија“. И тогаш сите се прегрнуваме. Има осум години, сакам да ја знае таа историја на тој моќен Интер“ – раскажува Занети.

А, во таа сезона 2009/2010 Занети, кој беше капитен на „нераѕурите“, и Горан Пандев ја освоија и титулата во Лигата на шампионите.

Се вчитува...