Запакоста на позајмица од Челси во Рома

Десниот бек на Челси, Давиде Запакоста пристигна во Рома на позајмица, официјално потврди италијанскиот клуб.

Италијанецот ова лето го продолжи договорот со Челси до 2022 година, но не се најде сериозно во комбинациите на Франк Лампард за настап, па поради тоа одлучи да добие клуб каде ќе има вистинска минутажа.

Запакоста претходно во Италија има настапувано и за Аталанта, Авелино и Торино.

Се вчитува...