Запакоста успешно опериран, шест месеци надвор од терените

Давиде Запакоста е успешно опериран по што го очекува пауза од шест месеци, информираа од Рома каде е на позајмица од редовите на Челси.

Римскиот клуб имаше намера да го откупи неговиот договор веќе во јануари, но сега е веќе јасно дека тоа нема да се случи откако ги скина лигаментите на коленото.

27-годишниот дефанзивец вчера имаше успешна операција, по што од Рома потврдија дека ќе мора да паузира најмалку до април следната година.

Се вчитува...