Започна големата наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија која ќе ве однесе на Светското првенство во фудбал во Москва

Една од работите по која 2018 година ќе биде забележана и запомнета е Светското првенство во фудбал кое оваа година ќе се одржи во Русија. За љубителите на овој спорт зарем постои поголема среќа од тоа да имаат можност да присуствуваат на финалниот натпревар кој ќе го закити победничкиот тим со пиететот „Најдобрите во свет!“.

За ЛУКОИЛ Македонија лесна беше одлуката да започне наградна игра каде на двајца нивни корисници ќе им ја овозможи оваа ретка пригода и ќе ги седнат на столчињата од Московскиот стадион за да го следат и да навиваат на овој меч. Па така сите оние кои во ова гледаат одлична можност ќе земат учество во наградната игра уште денес, па се до 12 јуни, што всушност е и скромно одбележување на еден од најголемите руски празници кога се слави денот на Русија. Правилата за учество се едноставни, со секоја направена сметка од 1.000 денари и испратена СМС порака на 149 499, со код на сметката, ќе станат потенцијални добитници на една од многуте вредни награди.

Предвидените награди за двонеделните извлекувања се телевизори и ваучери за спортска опрема.  Додека главното извлекување ќе се однесува на тројца добитници кои ќе добијат по 1 карта и платено патување за полуфинале во Санкт Петерсбург, како и 2 карти за финалниот меч во Москва и подмирени трошоци за патувањето.

„Заедничкиот именител на ЛУКОИЛ и фудбалот е движењето кое е неопходно за да одржуваме одлично темпо и да редиме успеси. А Русија како матична земја на нашата компанија ќе биде одличен домаќин за добитниците на главната награда. Со нетрпение очекувам да им честитам на среќните добитници и да им посакам да создадат спомени вредни за паметење. Нашата компанија секогаш цели кон повисоки вредности што и да прави. Сакаме нашите корисници да бидат задоволни и секогаш кога го очекуваат најдобриот квалитет и услуга ние да ги изненадиме со нешто плус и да ги наградиме за нивната лојалност и доверба која ни ја укажуваат“, изјави Андреј М. Куку, регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Во период од 3 месеци извлекувањата ќе се вршат компјутерски, секоја втора недела, па така вкупно планирани се 7 извлекувања, а во последното, учествуваат сите испратени кодови и се извлекува главната награда.

 

Се вчитува...