Со натпреварот помеѓу Задар и Студентски Центар (18:00) денеска започнува 22. сезона во АБА лигата. Шампионскиот трофеј во најсилното регионално првенство и воедно една од најдобрите лиги во кошаркарска Европа ќе го брани Црвена Звезда, а најсериозниот конкурент за „црвено-белите“ ќе бидe вечниот ривал Партизан.
Овие два тима се воедно и најтрофените екипи во првенството со по шест трофеи со тоа што доминацијата на Црвена Звезда е изразена од 2015 година, а Партизан беше речиси несовладлив од 2007 до 2013 година.
По пауза од четири години македонската кошарка повторно ќе има претставник во „елитата“ на „Јадранот“, а тоа ќе биде тимот на МЗТ Скопје кој се избори за камбек во првенството со успешниот настап во АБА2 претходната сезона.
Аеродромци за прв пат настапија во АБА лигата во сезоната 2012/13 кога воедно го имаа и најдобриот настап во првенството, завршувајќи го натпреварувањето на 7. позиција на табелата.
Камбекот на МЗТ Скопје на сцената ќе биде против Црвена Звезда во Белград во сабота со почеток од 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА