Со четири натпревари во Монако, Тел Авив, Милано и Мадрид денеска започнува сезоната 2021/22 во Евролигата каде бранител на трофејот е Анадолу Ефес, дебитант е Монако, а најважно од се е враќањето на навивачите на трибините.
И во новата сезона 18 тимови ќе се борат за трофејот во најсилното европско кошаркарско натпреварување. Oд нив три доаѓаат од Шпанија (Реал Мадрид, Барселона и Басконија) и три од Русија (ЦСКА Москва, Зенит и УНИКС). По два од Германија (Алба и Баерн Минхен), Франција (АСВЕЛ и Монако), Грција (Олимпијакос и Панатинаикос), Турција (Ефес и Фенербахче) и по еден од Италија (Милано), Израел (Макаби Тел Авив), Литванија (Жалгирис) и Србија (Црвена Звезда).
Новата сезона ќе ја отвори дебитантот Монако од 19 часот со натпревар на домашен терен против Панатинаикос, од 20:05 Макаби го пречекува Баерн Минхен, од 20 часот и 30 минути Милано се сретнува со ЦСКА Москва, а богатиот ден завршува со дербито помеѓу Реал Мадрид и Анадолу Ефес.
Today is a good day!#EveryGameMatters pic.twitter.com/p9Bj7OrhUv
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) September 30, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА