Започнува Евролигата: Ќе успее ли некој да ја сопре доминацијата на Ефес?

Со пет натпревари кои ќе бидат одиграни во Франција, Грција, Израел, Германија и Шпанија денеска започнува 23. сезона во Евролигата. Најсилното европско натпреварување оваа сезона има и ново раководство откако довербата ја доби легендарниот српски кошаркар Дејан Бодирога, но на паркетот трофејот повторно ќе го брани турски Ефес кој доминира во последните три сезони.

Како најголеми ривали на тимот од Инстанбул се јавуваат Реал Мадрид, Барселона, Милано, Олимпијакос и Монако, а од сенка својата шанса ќе ја бараат Фернербахче и Баерн Минхен.

Новата сезона повторно ќе помине без руските тимови, а во нивно отсуство шанса за докажување на големата сцена доби Партизан. Беглрадскиот гигант по осум години повторно ќе заигра во Евролигата, а овој пат најголемиот адут на „црно-белите“ ќе биде најтрофејниот тренер во историјата на првенството Жељко Обрадовиќ.

Од балканските тимови друштво на Партизан ќе му прави најголемиот српски ривал, Црвена Звезда, а покрај горе спомнатите клубови во сезоната ќе настапуваат и: Алба Берлин, Басконија, Асвел, Макаби, Панатинаикос, Валенсија, Вирутс Болоња и Жалгирис.

Се вчитува...