Започнува квалификацискиот турнир до 17 години, Македонија отвора против БиХ

Македонската репрезентација до 17 години денеска (15 часот) на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го започнува квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза УЕФА квалификации за пласман на Европското првенство. Прв противник на Македонија до 17 години е селекцијата на Босна и Херцеговина. Во истиот термин на стадионот „Борис Трајковски“ играат репрезентациите на Молдавија и Словачка.

Селекторот на нашата репрезентација Горан Станиќ вели дека првиот дуел е важен, но убеден е дека сите ќе го дадат својот максимум за да се оствари поволен резултат.

„Против квалитетниот состав на Босна и Херцеговина го отвораме турнирот во Скопје. Гостинската селекција е силна, минатата година беа учесници на Европското првенство до 17 години, сега создаваат нова генерација и секако не очекува тежок натпревар. Ние одигравме неколку контролни натпревари како подготовка за овој квалификациски турнир и се надевам дека во вистински момент ќе дојдат и резултатите. Првиот натпревар е важен и сигурен сум дека сите ќе го дадат максимумот со цел да стигнеме до поволен резултат“, изјави селекторот на репрезентацијата Горан Станиќ.

Се вчитува...