Започнува новата сервисна акција „Врати му со љубов на твојот Ford“ по повод Денот на жената

Денес, 8-ми март, Ford ја започнува својата нова сервисна акција наречена „Врати му со љубов на твојот Ford“.

Користејќи го токму Меѓународниот ден на жената како повод, Ford одлучи оваа акција да ја започне на интересен и симболичен начин, изненадувајќи ги сопствениците на Ford возило во главниот град.

Имено, по паркинзите низ Скопје беа забележани црвени балони со хелиум прикачени на возилата од марката Ford, како и рекламен материјал со подетални информации за оваа сервисна акција. Од Ford велат дека на овој начин сакаат да го одбележат Денот на жената, но и да подарат позитивна енергија и љубов на сите Ford сопственици.

Инаку, новата сервисна акција „Врати му со љубов на твојот Ford“ подразбира промотивни цени за редовен сервис, ламела сет со друк. лагер и оригинални Ford амортизери, а во сите цени е вклучена и работната рака.

Комерцијален текст

Се вчитува...