Зарабец: Да играме како лани ако сакаме да имаме шанса против Вардар

Ракометарите на Кил денеска допатуваа во Скопје, каде утре ќе излезат на мегдан против актуелниот европски првак Вардар. „Црвено-црните“ се единствениот тим во групата со максимален ефект по првите три кола, па на „зебрите“ од Германија им е јасно дека ќе имаат пеколно тешка задача да останат непоразени во СЦ „Јане Сандански“.

Кил е еден од последните тимови што го зел скалпот на Вардар во Скопје, но тоа беше пирова победа од 27-28 во април 2018, бидејќи „црвено-црните“ благодарение на повеќе постигнати голови на гостински терен се пласираа на Ф4 турнирот во Келн.

„Тоа беше одличен меч од нашата страна. Дадовме 120% од своите можности, но дури и тоа не беше доволно да се пласираме на фајналфор. Вардар повторно е силен, па ние ќе мораме да одиграме најмалку сличен меч на оној ланскиот ако сакаме да се надеваме на триумф“ – изјави Миха Зарабец, словенечкиот ас во дресот на германскиот ракометен гигант.

Мечот меѓу Вардар и Кил се игра утре со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...