Кил допатува како аутсајдер на гостувањето против Вардар, но „зебрите“ немаат намера предвреме да се откажат. Тие се свесни дека ги очекува „пекол“ во Скопје, но негативата од еден гол е достижна доколку се одигра беспрекорно во одбраната.
„Не се откажуваме. Предноста е на страната на Вардар, но ние нема да се откажеме. Вардар може да се добие само со перфектен натпревар, а ние ќе се обидеме да одиграме без грешка“ – изјави Миха Зарабец.
Сличен е ставот и на десното крило Оле Рахмел, кој верува во карактерот на Кил.
„Ова е само полувреме. Ние сигурно не сме фаворити на вториот меч, што е добро бидејќи притисокот ќе биде врз противникот. Имаме што да покажеме во Скопје, само не смееме да дозволиме атмосферата во салата да влијае врз нашиот настап“ – истакна Рахмел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА