Заработи милиони од тенисот, а денеска е без денар…: За се е виновен сопругот!

Легендарната шпанска тенисерка Аранча Санчез Викарио во богатата тениска кариера заработи милиони од освоени турнири и спонзорски договори, а денеска е без „скршен денар“. Притоа и се заканува и казна затвор поради затајување на данок.

Некогашната прва тенисерка на светот е должна на луксембуршка банка осум милиони евра, а со оглед на тоа што судскиот случај кој се одвива во Барселона започна наскоро може да добие и пресуда.

Шпанката тврди дека не е виновна. Со нејзините финансии раководел поранешниот сопруг кој уверувал дека редовно ги подмирувал даночните обврски.

„Издржувам две деца и со пари ми помагаат пријателите. Половина од се што сум заработила во кариерата морам да дадам како долг. Многу ми е тешко, но за доброто на моите деца морам да најдам начин животот повторно да ми профункционира“, вели Санчез Викарио, и дополнува:

„Не знаев што маж ми прави со моите пари. Му верував бидејќи го сакав, но погрешив. Ме ‘изигра’. Од 2009 година со моја согласност располагаше со моите пари и ме уверуваше дека се е во ред“.

Се вчитува...