Заре Марковски има нов клуб!

Поранешниот македонски селектор Заре Марковски има нов тренерски ангажман, откако денеска беше промовиран во нов шеф на стручниот штаб на Крајова.

Станува збор за итм што ја заврши ланската сезона како третопласиран во романскиот шампионат, Крајова во следната сезона ќе се натпреварува во ФИБА Европа купот, а изборот за нов тренер падна токму врз искусниот македонски стратег.

„Крајова со задоволство го објавува именувањето на Заре Марковски за нов тренер на нашата машка кошаркарска екипа. Со импресивна кариера од речиси 30 години на највисоко ниво, во топ-лиги како Италија Франција, Швајцарија и Турција, Марковски носи искуство и вистински менталитет во Крајова“, објави романскиот клуб.

Се вчитува...