Зарем е можно? Елмас утрово повторно позитивен!?

Елиф Елмас ќе го пропутши вечерашното дерби, откако на утринскиот тест пред дуелот излегол позитивен на коронавирусот. Вчера македонскиот интернационалец беше негативен, со што пристигна во Неапол, и беше во комбинација за мечот со Јувентус. Меѓутоа утрово повторно неговиот тест бил позитивен со што нема да може да игра.

Елмас отпатува со екипата во Торино, но утрово стигна нов шок.

Инаку натпреварот не е доведен во прашање, и истиот не се одложува. Покрај Елмас, во Наполи позитивен е и еден член на стручниот штаб од утрово, а вчера позитивен тест доби и голманот Мерет. Исто така во изолација е и тренерот Лучијано Спалети, па вечерва тимот ќе го води помошникот. Екипата во Торино поведе и тројца младинци.

Дуелот Јувентус – Наполи се игра вечерва во 20:45 часот.

Се вчитува...