Зарем е можно: Малерозниот Марко Ројс со тешка повреда на два месеци до СП во Катар

Големи малери со повреди го следат Марко Ројс во текот на целата кариера, а капитенот на Борусија Дортмунд денеска се соочи со нов сериозен проблем откако незгодно го повреди скочниот зглоб на дуелот со Шалке.

Тој мораше да биде заменет уште во првото полувреме и на носилки го напушти теренот, а уште позагрижувајќи за Германците е фактот дека СП во Катар ќе се одржи за помалку од два месеци, а неизвесно е дали Ројс ќе може да настапи на претстојниот светски шампионат. Само за потсетување, тој поради тешка повреда не настапи на СП 2014 на кое Германија стана светски првак, а Ројс поради замор од тешката сезона со бројни повреди самиот се откажа од настап на ЕВРО 2020 што се одржа минатото лето.

Да бидам искрен, загрижени сме за Марко. Зглобот му изгледаше многу лошо по повредата, се надеваме дека не е премногу сериозно и со нетрпение очекуваме да дознаеме за што точно станува збор“, изјави дефанзивецот Матс Хумелс по дуелот со Шалке.

Се вчитува...