Сезоната во Серија А заврши, договорот на Душан Влаховиќ со Јувентус истекува за нешто повеќе од еден месец, а информациите од Италија говорат дека Србинот сепак нема да ја продолжи соработката со „старата дама“ туку летово ќе го напушти најтрофејниот италијански клуб.
За проблемите за „црно-белите“ да бидат уште поголеми, Влаховиќ размислува за сериозно „предавство“, па големи се шансите следна дестинација по неговото заминување да биде Наполи. „Наполитанците“ важат за омразени ривали на Јуве, особено во последните десетина години во кои Де Лаурентис правеше се во негова моќ за да не ги продава своите најдобри фудбалери токму во „старата дама“.
Тоа не му пречи на Влаховиќ, кој веќе почнал преговори со Наполи, добивајќи интересна понуда за трансфер меѓу „сино-белите“. Приоритет за Наполи во моментов е ангажман на нов тренер, а штом тоа биде финиширано ќе се интензивираат и преговорите со Влаховиќ, како главно засилување за навалната линија за следната сезона.
Што се однесува до Јувентус, во таборот на „старата дама“ веќе како да се помирија со заминувањето без отштета на најскапото засилување во клупската историја. „Старата дама“ е во потрага по нов класичен напаѓач, а на врвот на листата со желби се наоѓаат Коло Муани и Дарвин Нуњез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
