Засилувањето Стојкоски за реми на Академија Пандев со Струмска слава

Фудбалерите на Академија Пандев ремизираа (1-1) со бугарскиот второлигаш Струмска слава во вториот пријателски натпревар за време на зимските подготовки.

Бугарите поведоа во првото полувреме, а „пандевци“ израмнија во вториот дел со голот на најновото засилување на тимот Кристијан Стојкоски.

Во првиот тест дуел зимава, како што е познато, Академија Пандев славеше убедливо со 5-0 против бугарската Беласица Петрич.

Се вчитува...