Заслужено: Горан Драгиќ е МВП на Евробаскет 2017

Горан Драгиќ апсолутно заслужено ја доби наградата за МВП на Европското Првенство во кошарка откако словенечкиот ас ја предводеше својата селекција до историско прво злато на големите натпреварувања.

Драгиќ беше клучен играч на речиси сите натпревари на Словенија, а најдоброто го сочува за самиот крај, постигнувајќи 35 поени во големото финале против Србија.

Тој беше предводник и на идеалната петорка на шампионатот, во која се најдоа и Лука Дончиќ, најдобриот стрелец на ЕП, Алексеј Швед, Богдан Богдановиќ и шпанскиот центар Пау Гасол.

Се вчитува...