Заслужено – Карачиќ е МВП на фајналфор турнирот

Игор Карачиќ е избран за МВП на завршниот турнир од Лигата на шампионите, сосема заслужено по одличниот настап на Хрватот на супердраматичните натпревари во изминатите два дена со Барселона и со Веспрем.

Тој се повреди во финишот против Барса, но уште еднаш ја покажа својата големина, стисна заби и одигра извонредно финале, постигнувајќи три гола, со бројни асистенции и атрактивни потези.

И за крај, апсолутно заслужено и прв го крена пехарот, како свој последен момент на слава во дресот на Вардар пред летниот трансфер во Кјелце.

Се вчитува...