Сташ Скубе апсолутно заслужено се најде во дрим-тимот на првото коло од Лигата на шампионите, по извонредниот настап на асот на Вардар на гостувањето против Монпелје. Тој не само што со бројни асистенции ги разигра соиграчите, туку во клучните моменти ја презеде одговорноста. Мечот го заврши со осум гола од вкупно девет шутеви, најдобро издание на еден среден бек на стартот од новата сезона.
Бековската линија ја комплетираат Билик од Кил и Кристијансен од Алборг, најдобар голман на стартот од сезоната е Андреас Волф, кој бранеше одлично за Кјелце против својот поранешен клуб Кил, а најдобар пивот е Фабрегас од Барселона.
Крилните позиции се резервирани за Јонеа, кој даде десет гола за Спортинг на гостувањето во Битола, како и за Бранкињо, кој е еден од најзаслужните за пресвртот на Порто и големата победа над Брест Мешков.
Лево крило: Диого Бранкињо (Порто)
Лев бек: Никола Билик (Кил)
Среден бек: Сташ Скубе (Вардар)
Десен бек: Мадс Кристијансен (Алборг)
Десно крило: Валентин Јонеа (Спортинг)
Пивот: Лудовик Фабрегас (Барселона)
Голман: Андреас Волф (Кјелце)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА