Македонскиот фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски е избран за најдобар фудбалер во кипарскиот шампионат минатата сезона, избор организиран од страна на Кипарската Фудбалска Федерација во кој гласаат тренерите на прволигашите во оваа земја.
Тричковски има нова сезона за паметење во која постигна 15 погодоци и го предводи АЕК Ларнака во битката за второто место на табелата. Воедно, тој имаше забележливи настапи и во Лигата на Европа, каде му донесе на својот тим историски пласман во групната фаза од едно европско натпреварување. Македонецот наградата ќе ја прими на гала-вечерата што Кипарската Фудбалска Федерација ќе ја организира на 20 мај.
Од останатите лауреати, за тренер на годината е избран Паоло Траметсани од Аполон, а за најдобар дебитант во кипарскиот шампионат избран е Матија Шпољариќ од Алки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА