Флоријан Вирц апсолутно заслужено беше избран за најдобар фудбалер во Бундес-лигата за сезоната 2023/24, по одличните настапи што овој офанзивец ги имаше во дресот на Баер Леверкузен.
„Фармацевтите“ во голем стил стигнаа до титулата без ниту еден претрпен пораз, а во главна улога беше толмку Вирц. Германскиот репрезентативец постигна 11 гола и 11 асистенции на 32 средби во елитното германско фудбалско друштво, но покрај овие бројки тој импресионираше со настапите, предводејќи го својот тим со историскиот успех.
Вирц беше избиран за најдобар фудбалер на месецот во три наврати, во октомври, декември и февруари, по што заслужено го доби и признанието за играч на сезоната.
Неговиот соиграч од Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс, се закити со признанието за најдобар дебитант во елитното германско фудбалско друштво откако овој фудбалер минатото лето пристигна во Леверкузен од редовите на белгискиот прволигаш Унион Сент Жилоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА