Затоа е број 1: И да врне и да вее, Ѓоковиќ тренира „сто на саат“

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Црна Гора каде се подготвува за настап на Летните олимписки игри во Токио. Откако го потврди своето учество на игрите, тој почна веќе со подготовки за единствениот голем трофеј кој му недостига во кариерата, а тоа е златен медал на Летните олимписки игри.

Ниту дождот во Црна Гора не може да го сопре Србинот до единствената цел, а тоа е освојување на златен гранд-слем во една сезона.

 

 

 

Се вчитува...