Затоа е МВП: Симултанката на Нено Димитријевиќ за титула на Уникс (видео)

Ненад Димитријевиќ одигра извонреден натпревар за Уникс Казањ во последниот финален дуел од ВТБ-лигата против Локомотив Кубањ, предводејќи го својот тим до титула во ова исклучително силно натпреварување.

Македонецот го заврши натпреварот со 34 поени, пет скока и три асистенции и беше вистински кошмар за противниците, кои за 40 минути не успеаја да најдат начин да ги запрат неговите налети. Затоа, по завршувањето на мечот Димитријевиќ апсолутно заслужено ја доби и МВП наградата за најкорисен играч во плејофот од ВТБ-лигата.

Во продолжение, погледнете го видеото од ВТБ-лигата со најдобрите моменти од мечот во режија на Ненад Димитријевиќ…

Се вчитува...