Лионел Меси веќе им соопшти на 260-те лица кои ќе бидат гости на неговата свадба дека нема да прима никакви подароци, порачувајќи им она што го планирале – да го донираат во неговата фондација за оние на кои помошта им е најзначајна.
Сепак, Аргентинецот не би бил она што е доколку не ги изненади присутните, па наместо тој да добие подароци, Меси реши тој и сопругата Антонела да ги даруваат своите гости.
Секој од гостите ќе добие сортно вино со специјална посвета, со уште неколку сувенири како спомен на свадбата што ќе се одржи вечерва во Росарио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА