Завршена една ера: По 15 години Бускетс заминува од Барселона!

Серхио Бускетс и дефинитивно ја напушта Барселона на крајот од сезоната. По 15 години и освоени повеќе од 30 трофеи, Бускетс заминува од каталонскиот тим, објави шпанскиот новинар Тони Хуанмарти.

Според најавите, Бускетс наскоро ќе објави крај на своето место во Барса завршувајќи една ера во тимот во кој е од 2008 година и беше неизоставен дел од шампионските генерации на клубот прво со Чави и Иниеста како лидери во средниот ред, а потоа наследувајќи ја капитенската лента и како негов лидер.

Имаше информации и дека Чави ќе го убеди Бускетс да остане уште една сезона, но последната одлука на капитенот е да остави некој помлада да го наследи во еден од најславните светски фудбалски клубови.

Се вчитува...