Заврши „бајката“ на Приморска: Финансиски колапс, играчите си заминуваат

Приморска ланската сезона го совлада МЗТ Скопје во финалето од АБА2 и се пласираше во елитното друштво од регионалното натпреварување. Словенечкиот тим одлично ја стартуваше и сезоната во АБА2, но во меѓувреме се соочи со огромни проблеми кои значат и крај на оваа „кошаркарска бајка“ во регионот.

Имено, од Словенија стигнуваат информации дека клубот што лани потроши над еден милион евра во АБА2 сега има сериозни долгови, поради што ќе мора да претрпи и коренити промени. Голем дел од кошаркарите веќе побарале раскин на договорот на штета на клубот поради парите што им се должат, прв си заминал Американецот Харис, а се очекува истото да го стори и плејмејкерот Шишко.

Згора на тоа, најавено е заминување и на центарот Јагодиќ – Куриџа, кој се наоѓа пред трансфер во Црвена Звезда, преселба што би требало да се комплетира до крајот на оваа седмица.

Во првите 11 кола словенечкиот состав има одличен скор 8-3, но заминувањата дефинитивно ќе остават трага и врз резултатите.

Се вчитува...