Заврши бојкотот: Роналдо се враќа во тимот на Ал-Наср

Португалскиот ас Кристијано Роналдо, се враќа на натпреварите на Ал-Наср после три натпревари пауза. Португалскиот напаѓач ќе учествува на утрешниот натпревар против Ал-Фатех во рамките на 22-то коло од првенството на Саудиска Арабија.

Напаѓачот претходно ги пропушти натпреварите против Ал-Ријад и Ал-Итихад во првенството на Саудиска Арабија и натпреварот против Аркадаг во втората фаза од Азиската лига на шампиони.

Тој наводно бил незадоволен од начинот на кој Фондот за суверено богатство на Саудиска Арабија (PIF) управува со Ал-Наср во споредба со неговите конкуренти и верува дека клубот е попречен во неговата борба за шампионатот. Роналдо, исто така, се спротивставил на трансферот на Карим Бензема во Ал-Хилал поради „штетата врз конкуренцијата“.

Покрај тоа, медиумите објавија дека 41-годишниот фудбалер бил незадоволен од доцнењето на платите за некои од вработените во клубот.

Се вчитува...