Заврши голготата: Зајков со семејството ја напушти Украина, веќе е во Унгарија (ФОТО)

Заврши голготата за македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој попладнево ја напушти Украина и веќе е на пат за Македонија.

Зајков беше заглавен во Полтава изминативе денови по рускиот напад на Украина, па дополнително преку безбедносен коридор заедно со уште неколку фудбалери од Ворскла, денеска ја минаа украинската граница.

Како што објави на социјалните мрежи, Зајков веќе е во Унгарија и на пат кон Македонија.

„Живи, здрави ја напуштивме Украина. Фала му на Господа“ – напиша Зајков на социјалните мрежи.

Се вчитува...