Заврши ли Мундијалот за Русинот Џагоев?

Светското фудбалско првенство тукушто започна, а домаќинот Русија може да остане без еден од своите големи адути. „Зборнаја“ во продолжението од Мундијалот најверојатно ќе остане без напаѓачот на ЦСКА Москва, Алан Џагоев. Тој заработи повреда на задната ложа на воведниот меч против Саудиска Арабија, а се предвидува дека ќе мора да паузира подолг период.

Селекторот Черчесов ќе ја почека одлуката на лекарскиот тим, по што ќе повлече следен потег. Но, тој не сака да го замени Џагоев во селекцијата со друг фудбалер и доколку има најмали шанси за да се опорави и повторно да настапи на Светското првенство.

 

Се вчитува...